Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, го заврши италијанското првенството на четвртото место на листата на најдобри стрелци. На 31 меча од Серија А, Португалецот постигна за него скромни 21 гола.
Роналдо кој ја имаше својата дебитантска сезона во Италија, за првпат по 2006 година, не е меѓу тројцата најуспешни реализатори во едно првенство. Во таа сезона 2005/2006, Роналдо даде 9 премиерлигашки гола во дресот на Манчестер јунајтед.
Најдобар голгетер во Серија А сезонава е 36-годишниот напаѓач на Сампдорија, Фабио Кваљарела, со 26 погодоци, а пред Роналдо се најдоа и Дуван Сапата од Аталанта со 23 и Кжиштоф Пјонтек од Милан со 22.
Можеби Роналдо не ја постигна личната цел да биде прв стрелец, но барем освои титула во трето различно првенство во својата кариера. Кристијано не бил прв стрелец во некое првенство ушпте од 2014/2015 кога даде дури 48 гола во шпанската лига, играјќи за Реал Мадрид.