Најблиските го бодреа Елиф, тој ги почести со гол

Елиф Елмас имаше голема поддршка од трибините за време на натпреварот Фенербахче – Анталијаспор, кој можеби беше последен за него во дресот на Фенер. Турските медиуми објавија фотографија на која се гледа дека на трибините на стадионот „Шукру Сараџоглу“ во Истанбул биле таткото, мајката и братот на Елиф.

Македонскиот репрезентативец даде убав гол, и им го збогати присуството на своите родители и помалиот брат. Интерес за Елмас има од повеќе италијански клубови, па летово треба да се донесе важна одлука, дали иднината на Елмас е во некој клуб од Серија А, или ќе остане во Фенер уште барем една сезона, па потоа да брка голем трансфер. Цената за обештетување која Фенербахче ја постави за својот фудбалер е 20 милиони евра.

Лоша вест е дека Елмас има повреда на левата рака, и можеби нема да му помогне на македонскиот национален тим во јунските квалификации за ЕП 2020 против Полска и Австрија.

- Оглас -

Најнови вести