Татко и син навивачи на Челзи, 8 дена патуваа до Баку

Иако на трибините на стадионот во Баку нема да има премногу навивачи на екипите финалисти на Лига Европа, сепак, ќе има и такви кои не сакаа да ја пропуштат приликата во живо да го бодрат својот омилен клуб на далечниот исток од Европа.

Љубовта кон клубот нема граници, а буквално тоа го докажаа и двајца фанови на Челзи, татко и син од Англија. Џејк Ралф и Кевин Коб во недостаток на директни летови од Лондон до Баку, каде утре се игра финалето, се решија на патешествие, кое траеше повеќе од една недела.

Најпрвин со авион од Лондон одлетаа до Истанбул. Таму останаа 24 часа. Потоа имаа лет од најголемиот до главниот град на Турција. Следуваше авантура и патување со воз од Анкара до Карс, гратче на турско-грузиската граница. Потоа од Карс отидоа со такси до Тбилиси, а од главниот град на Грузија до Баку, повторно со воз.

„Девојката ми рече дека јас и татко ми сме двајца лудаци, но ваков меч не би пропуштил за ништо на светот“ – вели Џејк, кој беше интервјуиран од азербејџанската телевизија.

За враќање, ќе имаат многу пократко патување. Планираат со такси да одат од Баку до Тбилиси, а од Тбилиси до Истанбул и од Истанбул до Лондон со авиони.

- Оглас -

Најнови вести