Албанија бележи голем пад по настапот на Европското првенство во Франција и денеска повторно потфрли на пријателскиот меч со Јордан.
Како домаќини Албанците ремизираа без голови, иако беа големи фаворити за победа. Шанси имаа, но реализацијата изостана, па им остана само победата против Израел во последните 10 натпревари.
Токму против Израел на 14. октомври е следниот предизвик за Албанците да го разбијат постот и да се обидат да победат во битката за првото место во првата група од Ц сегементот. Со нив и со Израел во конкуренција е и Шкотска.