Блокотехна го декласира актуелниот македонски шампион Работнички со 85:58 и израмни на 1:1 во полуфиналната плејоф серија до три победи.
Гевгеличани пак беа непремостлива пречка на домашен терен за најтрофејниот кошаркарски клуб и успеаја да слават со што продолжува неизвесноста за пласман во големото финале.
Мечот беше решен по само 20 минути игра, а на полувремето Блокотехна замина со предност од 46:24. Расположени за игра беа домашните кошаркари, а до триумф ги предводеа Мијатовиќ со дабл-дабл учинок од 17 поени и 10 скока и Фундерберг со 17 поени. Одлично им асистираше Младеновиќ, со 10 прецизни додавања, а Работнички немаше противигра.
Само резервите Мираковски и Јаневски кај гостите успеаја да ја минат двоцифрената граница и постигнаа 11, односно 10 поени.
Работнички сепак има предност во полуфиналната серија бидејќи има меч повеќе на домашен терен.
Во второто полуфинале МЗТ Скопје води со 2:0 во победи против Гостивар и има шанса со трет триумф по ред во Аеродром во петок да биде првиот финалист.