На Ролан Гарос се запознаа шампионите (Фото)

Килијан Мбапе му подари дрес на големиот тениски ас Роџер Федерер, а двајцата шампиони имаа средба на Ролан Гарос.

Федерер предизвика вистинска еуфорија пред почетокот на турнирот, а на еден од последните тренинзи трибинте беа преполни. Се сретна и со светскиот првак Килијан Мбапе, кој со Франција ја освои титулата на Мундијалот во Русија.

Мбапе веднаш се пофали со фотографијата на која му го подари дресот со број 10 со кој настапуваше на Светското првенство, лани.

Федерер не играше на Ролан Гарос на претходните две изданија, а веќе го мина првото коло со победа од 3:0 против Сонего и денеска ќе игра со Оскар Оте од Германија.

- Оглас -

Најнови вести