Стефан Ристовски: Со компактна одбрана и нападот ќе биде добар против Полска

Стефан Ристовски е еден од адутите за компактна и цврста одбрана што ќе ни биде неопходна против полските напаѓачи предводени од опасното трио Левандовски, Милик и Пјонтек за успех и подвиг на 7. јуни.

На подготовките од денеска се приклучија Бобан Николов и Александар Трајковски, а се очекува пристигнување и на останатите репрезентативци за двата клучни дуели што ги играме во Скопје, на 7. јуни со Полска и три дена подоцна со Австрија.

„Полска е фаворит во нашата група, но на нас ни останува да се наметнеме со добри игри и резултати во групата. Очекувам да бидеме максимално подготвени за големиот предизвик против најдобрата репрезентација во нашата група. Добра, компактна одбрана ќе ни овозможи и подобар напад, а се надевам дека ќе успееме да се избориме за добар резултат. Полска ќе биде подготвена на се, нема да не потцени, но ние во овие квалификации имаме цел да се бориме за висок пласман и да освојуваме бодови против секој противник“, изјави Ристовски.

 

 

- Оглас -

Најнови вести