Лаказет бараше пенал, но ВАР не се лаже така лесно (Видео)

Арсенал и Челзи играат без голови по првото полувреме во финалето од Лигата на Европа во Баку. Немаше многу возбудувања во воведните 45 минути од мечот, а двете екипи повеќе се грижеа на не погрешат во одбраната отколку да создадат опасна ситуација во нападот.

„Топчиите“ се надеваа дека ќе добијат пенал во ситуацијата по која Лаказет падна во шеснаесетникот, но судијата Роки во консултација со судиите кои се во собата со ВАР-системот реши дека нема место да досуди најстрога казна. Освен таа ситуација, играчите на Арсенал не упатија ниту еден директен удар во рамките на голот на Челзи, но ударот на Џака од далечина ја погоди пречката.

https://twitter.com/infenerwetrust_/status/1133815680770486273

„Сините“ беа малку поконкретни, имаа и два шута кои ги одбрани чуварот на мрежата на Арсенал, Петр Чех. Во првиот дел не беше покажан ниту еден жолт картон, што покажува дека се игра коректно и без многу стартови.

- Оглас -

Најнови вести