Челзи води со 2:0 во финалето на Лигата на Европа против Арсенал. Откако по првиот дел немаше погодоци, само што започна второто полувреме, односно во 49-тата минута, Челзи поведе. Некогашниот играч на Арсенал, Оливие Жиру, одлично реагираше со глава и го матираше Петр Чех, кој во минатото беше голман на Челзи.
Францускиот напаѓач не сакаше многу да се радува за постигнатиот гол, но секако донесе голема радост кај фановите на оние кои се за „сините“ во ова финале во Баку. Во 60-тата минута Челзи веќе стигна до 2:0 благодарение на голот на Педро.