Позната фудбалска ѕвезда Жорж Веа може да биде горд на својот син Тимоти, кој најавува кариера слична на својот татко, а вечерва со победнички гол ги одведе САД во осминафиналето на Мундијалот за играчи до 20 години.
Тимоти има само 19 години и е еден од најголемите таленти, а е член на ПСЖ на позајмица во Селтик и репрезентативец на САД, за разлика од неговиот татко, кој настапуваше за својата родна земја Либерија.
Вечерва против Катар, Веа јуниор погоди во 76-тата минута доволно за победа на САД и второ место во групата Д, зад Украина.
https://streamable.com/wzjmm
Американците ќе играат во осминафиналето, а го чекаат противникот, што ќе го знаат по завршување на сите мечеви во стартната фаза по групи.
Со реми 1:1 и Украина и Нигерија си обезбедија место меѓу најдобрите 16 селекции на Мундијалито.