Нејмар на подмолен начин му се одмазди на детето што го посрамоти на тренинг

Бразил ги продолжува подготовките за настапот на Копа Америка, а постојано во центарот на вниманието е Нејмар. Првата ѕвезда на тимот најпрво се појави со хеликоптер на тренинг, потоа ја загуби капитенската лента, го повреди коленото, а доживеа да биде и понижен на фудбалски начин од страна на еден јуниор.

Младиот 19-годишен Вевертон е талентот кој успеа да му направи финта на Нејмар или популарно кажано „да го прати по цигари“. На Нејмар воопшто не му се допадна храбриот потег на младиот играч, па веднаш буквално го тресна на земја. Ѕвездата воопшто не му се ни извини на тинејџерот, туку продолжи со тренингот како ништо да не било.

https://twitter.com/JayNtuli/status/1133624670253735937

Овој потег на Нејмар наиде на многу негативни коментари и реакции кај јавноста. Многумина коментираа дека селекторот Тите со право му ја одземал капитенската лента на Нејмар бидејќи покажал дека воопшто не мисли на тимот, туку само на себе.

Целата ситуација со тинејџерот Вевертон сепак не заврши тука. Од синоќа, талентираниот играч повеќе не е дел од тренинзите на националната селекција. Вевертон, кој игра за младинскиот тим на Крузеиро, е отстранет од тренинг -кампот, а според многумина, главна заслуга за ова има токму Нејмар.

Уште од кога се случи „инцидентот“, Вевертон постојано морал да биде дел од тимот кој тренира, а во близина да не биде Нејмар, за на крајот да мора да си замине. Инаку, Вевертон е еден од 10-те младинци кои беа повикани во тренинг-кампот на Бразил, кој се подготвува за настап на јужноамериканското првенство, популарната Копа Америка.

 

- Оглас -

Најнови вести