Атрактивната германска тенисерка може да се изнајми за 100 евра

Поради честите повреди, германската тенисерка Карина Витофт сè повеќе е надвор од теренот. Атрактивната тенисерка важеше за голем талент, но поради честите паузи, сега е на 291-вото место на ВТА-листата.

За да не губи време додека целосно не закрепне за да може да настапува на тениските турнири, Карина реши да заработи на интересен начин. Германката дала оглас во кој вели дека за 100 евра може да ја изнајмите за таа да ви биде тренер или спаринг-партнер на тренинзите.

„Сакав да направам нешто за да бидам активна и во времето кога не сум на турнирите“, објасни 24-годишната Карина, која најдобриот пласман на ВТА-листата и е 48-мото место.

- Оглас -

Најнови вести