Рома има пет милиони причини да се радува на победа на Ливерпул

Во пресрет на финалето во Лигата на шампионите, во кое Ливерпул и Тотенхем ќе одлучуваат кој ќе биде новиот владетел во еврпскиот фудбал. Црвените на Јирген Клоп ќе имаат голема поддршка од Рим, поточно од таборот на Рома.

Имено, доколку Ливерпул ја освои ЛШ, на сметка на Рома ќе легнат пет милиони евра, како бонус од трансферот на Мохамед Салах. Тоа е еден од бонусите кои двете страни ги договорија при преселбата на Египќанецот во летото 2017 година, чиј што трансфер вредеше 42 милиони евра.

Салах сепак, не е единствен играч кој го смени портокаловиот дрес за црвениот, истото го направи и голманот Алисон Бекер лани, но во неговиот трансфер вреден околу 70 милиони евра Рома не побара ваков бонус.

До финалето на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид остануваат уште неколку часа, битката на Ливерпул и Тотенхем започнува точно во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести