Роџер Федерер по три сета и конечни 2-1 (6-3, 2-6, 6-4) успеа да го совлада шпанскиот тенисер Роберто Баутиста – Агут. Швајцарецот пред овој дуел имаше скор од 16-0 во сетови против Баутиста, а без поголеми проблеми го освои и 17-от.
Кон почетокот на вториот сет, Федерер направи брејк, и се чинеше дека ова ќе биде уште еден лесен натпревар за искусниот тенисер, но, Шпанецот се разбуди и почна да игра поагресивно, направи три брејка по што го освои сетот за 1-1 и го однесе мечот во третиот сет. Во одлучувачкиот сет беше неизвесно до 4-4, а потоа Швајцарецот направи брејк за 5-4 и на негов сервис стави точка на натпреварот.
За полуфинале ќе се бори со Кеи Нишикори, кој претходно го елиминираше Сем Квери со 2-0 (7-6, 6-4).
Австралијанецот Метју Ебден беше подобар од германскиот тенисер Петер Гојовжик со 2-0 (6-2, 6-3), и во четвртфиналето ќе го чека подобриот од пресметката која се игра во овие моменти, меѓу Хуан Мартин Дел Потро и Борна Чориќ.