Ливерпул има старт од соништата, по само две минути води со 1-0 против Тотенхем по погодокот на Мохамед Салах. Египќанецот го реализираше пеналот во втората минута, откако Скомина покажа кон белата точка по само 22 секунди игра.
Словенечкиот арбитар одлучи дека Сисоко играше со рака во шестнаесетникот по нафрлувањето на Мане, па и без ВАР немаше сомнежи дека е точен во одлуката.
https://www.dailymotion.com/video/x7a13lv