Ливерпул е новиот европски првак, откако во финалето во Мадрид со 2:0 го победи Тотенхем. За англискиот гигант ова е шеста титула, прв по тој во 2005 година.
По завршување на финалето, Ливерпул го започна големото славје, а интересно е дека меѓу првите кои упатија честитки за новиот првак е Барселона. Каталонскиот гигант беше „жртва“ на Ливерпул, откако во полуфиналето беше елиминирана на неверојатен начин. Барселона имаше предност од 3:0, но на реваншот на „Енфилд Роуд“, Ливерпул победи со 4:0 и го исфрли шпанскиот првак.
Иако Ливерпул е „виновникот“ за тоа што Барселона не беше дел од финалето, каталонците веднаш му честитаа на ривалот за големиот успех. Со овој потег, Барселона уште еднаш ја покажа својата големина.
Congratulations, @LFC, on winning another @ChampionsLeague title. pic.twitter.com/z8vKbhoVn8
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 1, 2019