Италијанската драма за Петручи, за 4 стотинки го победи Маркес

Данило Петручи со извонредно возење ја забележа првата победа во Мото ГП, а тоа го стори на свој терен за Големата награда на Италија, во Мугело.

Петручи со својот мотор Дукати беше за само 4 стотинки побрз од лидерот во Генерален пласман, Марк Маркес, а зад нив заврши Андреа Довициозо.

Победникот имаше одличен маневар во финишот на трката, изби на првото место и успеа прв да ја мине целта.

На четвртото место е Ринс, а потоа следат Накагами, Вињалес, Пиро, Крачлоу, Еспаргаро и Квартараро во топ-10.

Во Генерален пласман води Маркес пред Довициозо и Ринс.

 

- Оглас -

Најнови вести