Со победата на Ливерпул против Тотенхем од 2:0 се спушти завесата на уште едно издание на фудбалската Лига на шампиони. Англискиот гигант го освои трофејот наменет за најдобриот тим во сезоната во која имаше многу неверојатни пресврти, драматични победи, но и прекрасни погодоци.
Традиционално, секоја година УЕФА ги одбира и најдобрите погодоци во сезоната во ЛШ. Кога се работи за постигнувањето голови, се знае, главната улога ја имаат Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Меси е најдобриот стрелец за изминатава сезона, но сепак, Кристијано Роналдо го има најдобриот погодок во изборот на УЕФА.
Португалецот во дресот на Јувентус на дуелот против Манчестер јунајтед во групната фаза даде прекрасен погодок, кој е број 1 во Лигата на шампионите.
На второ место е слободниот удар на Меси во полуфиналето против Ливерпул, погодок кој подоцна се покажа како недоволен за Барселона да се пласира во финалето.
Најдобрите 10 погодоци во изборот на УЕФА може да ги погледнете ТУКА.
ФОКУСОТ НА КРИСТИЈАНО СЕГА Е НА ЛИГАТА НА НАЦИИ
По завршување на клупските обврски, Роналдо сега е фокусиран на репрезентативната задача со Португалија. Капитенот на актуелниот европски првак, ќе ја предводи селекцијата во плејофот за освојување на Лигата на Нации. Португалија е домаќин на азврпниот турнир, а во полуфиналето, в среда игра против Швајцарија. Во второто полуфинале в четврток, ќе играат Холандија и Англија. Победниците од овие два меча, ќе играат во финалето кое ќе обезбеди пласман на ЕП 2020.