Први големи предизвици за Надал и Федерер

Без поголеми изненадувања поминува засега Гренд слемот во Париз. Најголемите фаворити за трофејот уште се во трка за влез во финалето.

Легендарните Роџер Федерер и Рафаел Надал, денеска ги играат своите мечеви во четвртфиналето. Швајцарско дерби го очекува Федерер и тоа против Вавринка. Во досегашните 25 меѓусебни средби, Федерер е мнгоу подобар и има 22 победи, додека Вавринка се радувал само три пати. Иако традицијата е на страна на Федерер, Роџер не смее да се залетува, бидејќи Вавринка сите три пати кога се радувал, било на земјена подлога. Највредна победа сигурно му е таа во 2015 година, кога во четвртфиналето го победи Федерер, а потоа стана и првак на Ролан Гарос.

„Многу добро се познаваме. Имаме одиграно премногу мечеви меѓусебе. Знам дека е опасен на земја, каде три пати ме има победено“, предупредува Федерер, кој во досегашниот дел од турнирот не сагуби ниту еден сет, потврдувајќи дека е во одлична форма. Во Sport Life обложувалниците има одлична Квота на денот за овој меч: 2&>39,5 со коефициент 2,75

Надал кој е 11-кратен освојувач на Ролан Гарос ќе игра против Нишикори кој е изморен од претходните дуели. Во меѓусебните дуели Шпанецот е многу поуспешен со 10 победи и само два порази. Сепак, многу поважно е тоа што Надал на Ролан Гарос има неверојатен биланс од 90 победи и само два порази.

 

- Оглас -

Најнови вести