Аргентина е голем фаворит против Мали

Аргентина У20 – Мали У20 (20:30 ч.)

Аргентина е меѓу фаворитите за висок пласман, но токму со поразот од Јужна Кореја, „гаучосите“ покажаа дека може да бидат ранливи. Мали е репрезентација која има мерак да игра напаѓачки фудбал и да се надигрува со противникот. Затоа во трите меча од групата, африканската селекција даде дури 7 гола, но исто толку и прими.

И во ефикасноста, Аргентина е поефикасна од Мали, бидејќи досега јужноамериканците постигнаа осум погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (2.50)

 

Кадиз – Екстрамадура (21 ч.)

На домаќините им е повеќе од потребна победата. Тие се борат за влез во плејофот кој може да ги одведе во Примера дивисион. Екстрамадура речиси и да нема мотив за игра. Екипата е спасена од испаѓање, а пред два дена претрпе голем шок. Некогашниот шпански репрезентативец Хосе Антонио Рејес кој загина во сообраќајна несреќа, беше член на овој тим. Од Екстамадура најавија дека во чест на Рејес, ќе го повлечат дресот со бројот 19.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.00)

 

Елче – Депортиво ла Коруња (21 ч.)

Некогашниот учесник во Лигата на шампиони, Депортиво ла Коруња, сега сонува за враќање во Примера. Победа и ништо друго не му одговара на гостинот, додека Елче може и да започне со одмор, бидејќи во последните две кола немаат мотив за игра.

Интересно е што на последните осум меѓусебни средби на овие два тима, никогаш не било нерешено. Ла Коруња има пет победи, а Елче три.

Предлог тип: 2&2-3 (2.90)

 

Овиедо – Маџадахонда (21 ч.)

Овиедо е само со теоретски шанси дека може да стигне до шестото место на табелата, кое води во плејофот. Бодовите на овој меч се многу поважни за гостите. тие се во зоната за испаѓање, но со добар резултат од ова гостување, ќе имаат шанси за опстанок.

Двете екипи имаат слаби одбрани, а фактот дека домаќините се растеретени, е најава за меч со погодоци.

Предлог тип: Т1 1+I&T12+ (2.30)

 

Јапонија У20 – Јужна Кореја У20 (17:30 ч.)

Ова е меч во кој нема фаворит, едноставно може да реши моменталната инспирација и желба на една од двете екипи. Јапонија има гранитна одбрана и прими само еден гол, па затоа и нема пораз во трите меча од групната фаза. Јужна Кореја на стартот загуби од Портигалија, но потоа во два одлични меча се радуваше против Јужна Африка и неочекувано против Аргентина.

Предлог тип: 0-2 (1.48)

- Оглас -

Најнови вести