Награда за европската круна, Итудис продолжува со ЦСКА Москва до 2021 година

Димитрис Итудис ќе биде тренер на ЦСКА Москва најмалку уште две сезони, откако денеска го продолжи договорот со актуелниот европски шампион до 2021 година.

Грчкиот стратег долг период е тренер на ЦСКА, а пристигна во Москва во 2014 година и веќе има две европски титули. Со тоа е меѓу најуспешните во Евролигата, одоносно во Топ-10.

ЦСКА има дури 8 европски титули, две од нив последните во 2016 и 2019 година со Итудис како кормилар на тимот.

Претходно Гркот беше тренер на ПАОК, Филипос, МЕНТ и Банвит, а беше и асистент тренер во неколку клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести