Унаи Емери побарал од раководството на Арсенал да го продаде Месут Озил, откако бил навреден од него по финалето во Баку во Европа Лигата.
По тешкиот пораз на Арсенал во финалето на Европа Лигата со 1:4 против Челзи, Озил му дофрлил на Емери дека е слаб тренер, па тоа веројатно ќе го чини разделба со клубот.
Озил имаше многу скромна сезона, постигна само пет гола и имаше две асистенции, што е премалку за еден од најскапите играчи на Арсенал.
Интересна изјава имаше и Сеск Фабрегас, поранешниот соиграч на Озил во Арсенал, кој вели дека раководството на клубот не треба да размислува премногу и треба да го продаде Озил, кој според него е одличен играч но нема капацитет да биде лидер на тимот.