Роки пак ќе суди во Скопје, Италијанецот ќе ни ја дели правдата против Полска

Италијанскиот судија Џанлука Роки ќе ја дели правдата на мечот меѓу Македонија и Полска само по 9 дена откако беше главен арбитер во финалето на Лигата на Европа во Баку меѓу Челзи и Арсенал.

Роки ќе биде на центарот на 7 јуни во Скопје, а ова за него е камбек во нашиот главен град по две години пауза. Џанлука го судеше спектаклот во Суперкупот на Европа на нашата национална арена меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед што се играше на 8 август 2017 година.

Моментно 45-годишниот судија од Фиренца е еден од најдобрите на планетата, па УЕФА одлучи да го делегира за дербито од третото коло во групата Г меѓу Македонија и Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести