Нејмар има психички крах, нема да игра на Копа Америка!

Тешката психичка состојба во којашто се наоѓа Нејмар во моментов го спречува да го даде својот максимум на Копа Америка и подобро е да не игра. Ова го кажа претседaтелот на бразилската фудбалска конфедерација, Рожерио Кабокло.

Најскапиот фудбалер на светот уште е на подготовки со „кариоките“, но тешко е да се верува дека ќе настапи.

„Психички не е подготвен да настапи на Копа Америка, целосно е загубен“, вели Кабокло.

Нејмар имал долг состанок со селекторот Тите, по што се расплакал. Нејмар барал да тренира и да остане изолиран од мемдиумскиот циркус околу него бидејќи смета дека така би се фокусирал само на фудбалот. Освен тоа што остана без капитенската лента во националниот тим и претходно имаше повреда на коленото, сега има обвинување против него дека силувал една девојка на 15 мај во Париз.

Копа Америка почнува на 14 јуни, Бразил е домаќин и очекувањата се титула. Ако потфрлат со Неј во составот, секако Нејмар ќе биде главен виновник за неуспехот, а тоа би бил дополнителен проблем за него. Затоа, ѕвездата на ПСЖ можеби е подобро да не игра и да биде заштитен на некој начин. Но, ако Нејмар не игра на Копа Америка, тоа нема да биде негова одлука или на селекторот Тите.

- Оглас -

Најнови вести