И легендарниот Здравко Чолиќ им посака среќа на репрезентативците за дуелот со Полска (фото)

Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија се подготвува за дуелите против Полска и Австрија во пресрет на новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Денес на тренинг-центарот на ФФМ во посета на репрезентативците беше и легендарниот пејач Здравко Чолиќ, кој ѝ посака на нашата селекција среќа за дуелот против Полска кој ќе се одигра во петок на Националната арена „Тоше Проески“.

Капитенот Горан Пандев му подари репрезентативен дрес со бројот 10, а потоа нормално следуваше фотографирање со Чолиќ.

Инаку, Здравко Чолиќ на 15 јуни на арената „Тоше Проески“ ќе одржи уште еден концерт во Скопје, трет за помалку од една година.

- Оглас -

Најнови вести