Почнува женскиот Мундијал: Домаќинот Франција отвора против Јужна Кореја

Од денес, па сè до 7 јули во Франција ќе се одржува Светското првенство во фудбал за жени. Осмото издание на женскиот Мундијал ќе го отворат токму домаќинките, репрезентацијата на Франција против Јужна Кореја на стадионот „Паркот на Принцовите“ во Париз, дуел кој ќе започне во 21 часот.

Триколорките се големи фаворити против селекцијата на Јужна Кореја, на кои пак, ќе им биде трето последователно учество во женскиот Мундијал.

Противниците се поделени во шест групи, од кои двете најдобри репрезентации ќе патуваат во нокаут фазата, како и четирите третопласирани репрезентации. Актуелни бранители на титулата се репрезентативките на САД, кои воедно имаат најмногу титули во ова натпреварување (3).

Натпреварите од групната фаза ќе се играат до 20 јуни, а потоа ќе се знае распоредот во нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести