Никој не може да ме натера да играм против Косово! Си одам засекогаш

Неколку часа пред синоќешниот меч меѓу Црна Гора и Косово, селекторот Љубиша Тумбаковиќ одби да ја води селекцијата на домаќините во Подгорица. Освен Тумбаковиќ, овој меч одбија да го играат и фудбалерите на Црвена ѕвезда, Мирко Иваниќ и Филип Стојковиќ.

Главен иницијатор за овој бојкот е Иваниќ, а причина е тоа што тие не сакаат да играат против земја која не ја признаваат.

„Ако не прифатите да не играм против Косово, тогаш сум подготвен никогаш повеќе да не играм за репрезентацијата. Нема да играм против нив, макар веќе никогаш да не заиграм во репрезентативниот дрес на Црна Гора“, е изјавата на Иваниќ, кој има 15 репрезентативни настапи, исто колку што има и Стојковиќ.

Освен овие двајца играчи, селекторот Тумбаковиќ и неговиот помошник Саша Јанковиќ си заминаа од функциите. Според нив, неприфатливо е да бидат дел од меч на кој игра земја која не ја признаваат.

Дуелот во Подгорица се играше пред празни трибини поради казната на Црна Гора добиена поради нередите на мечот со Англија. На крајот, мечот заврши 1:1.

 

- Оглас -

Најнови вести