Азар со емотивна порака се прости од Челзи

Белгискиот репрезентативец Еден Азар од синоќа и официјално е нов играч на Реал Мадрид. Овој трансфер се очекуваше уште минатата година, но Челзи тогаш не се согласи да го пушти својот најдобар играч. Овојпат, договорот се комплетираше, откако Реал се согласи да плати 100 милиони евра за трансферот, кој може да достигне и до 150 милиони, со можните бонуси.

Азар си заминува од Челзи по седум години поминати на „Стемфорд Бриџ“. Во лондонскиот клуб се изгради како играч и се промовираше во еден од најдобрите на денешницата. Затоа, на Азар му беше тешко да си замине од Челзи, па реши со порака да опише како се чувствува.

„Знаете, сега одам во Реал Мадрид. Не е тајна дека уште како дете сум сонувал да заиграм за тој клуб. Дадов се од себе да останам фокусиран на фудбалот, иако ми беше многу тешко во изминативе шест месеци, посебно по сите тие прашања од медиумите. Сега, кога клубовите постигнаа договор, се надевам дека ќе ме разберете, дека направив потег кој е нов чекор во мојата кариера. Сакам да ги остварам моите соништа. Заминувањето од Челзи е најтешката одлука во мојата досегашна кариера. Сега, кога е се завршено, сакам да кажам дека секогаш сум го давал максимумот и уживав во секоја секунда помината во тој клуб. Дојдов кога имав 21 година и со вас се развив во човек и играч. Поради Челзи, станав и капитен на белгиската репрезентација. Имаше и тешки моменти, но уживав во сите овие години поминати во Челзи. Навивачите секогаш биле посебни за мене, бидејќи секогаш ни даваа фантастина подршка. Челзи и навивачите на овој клуб засекогаш ќе останат во моето срце“, напиша Азар во емотивната порака.

- Оглас -

Најнови вести