Бејл промашуваше зицери, Хрватска го победи Велс

Хрватска го победи Велс со 2:1, ја продолжи низата без пораз во меѓусебните дуели, но и се намачи против незгодните гости во Осиек.

Мечот од квалификациите за ЕП 2020 година почна со смешниот автогол на стоперот на Велс, Џејмс Лоренс, откако играчот на Андерлехт налета на центаршутот на Иван Перишиќ и ја заби топката во својот гол.

Перишиќ погоди на почетокот на второто полувреме за 2:0, но и со ваква предност Хрватите стравуваа за победата до самиот крај. Герет Бејл одигра одличен меч, но промаши неколку зицери, па голот на Брукс во 78. минута не беше доволен за позитивен исход за Велшаните.

Во вториот меч што денеска почна од 15 часот Исланд ја победи Албанија со 1:0, со голот на Гудмундсон во 22. минута

- Оглас -

Најнови вести