Нејмар во изминатиов период е главна тема на медиумите, но не поради неговите фудбалски достигнувања или способности, туку поради глупостите кои ги прави надвор терените, како и честите повреди. Бразилецот дополнително си го наруши имиџот откако беше обвинет за сексуален напад.
Последната повреда поради која нема да настапи на Копа Америка ги натераа дел од спонзорите, како Mastercard, Nike и Red bull да се откажат од соработката со него, а според последните информации, вредноста на Нејмар на трансфер-пазарот опаднала речиси за 50 отсто.
Во летото 2018 година тој стана најскап фудбалер на светот по преселбата во ПСЖ од Барселона за сума од 222 милиони евра, а како што тврди францускиот медиум „Л‘екип“, Нејмар сега вреди околу 120 милиони евра.
Дваесет и седумгодишната ѕвезда на ПСЖ ќе треба што поскоро на направи промени во неговиот живот, во спротивно неговата блескава кариера може да заврши неславно.