Најтрофејниот италијански клуб Јувентус влезе во „војна“ дури со 15 клубови од Серија А. Најголемиот дел од клубовите потпишале резолуција која ги обврзува дека ќе ги поддржат сите од останатите најдобри лиги во Европ,а кои се против идејата на УЕФА и ЕКА (европската асоцијација на клубови).
Претставниците на тие 15 клубови од Серија А сметаат дека плановите кои содржат систем на промоција и испаѓање во европските меѓународни натпреварувања, може да доведе до пад од 35 отсто на заработката кога се работи за продадените влезници во Серија А.
Неутрални по ова прашање засега останаа Милан, Фиорентина, Рома и Интер, додека Јувентус секако е за предлогот на УЕФА и ЕКА. Прв човек на ЕКА е претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.