Металург сака да остане дел од европската елита и аплицираше за нов настап во Лигата на шампионите и за следната сезона.
Идната сезона нема да игра во СЕХА-лигата, што е прекин на една убава и долга низа настапи во Регионалното натпреварување, а како третопласирани во домашното првенство не им следува учество и во Лигата на шампионите.
Но, Металурзите се надеваат дека ќе пројдат на минат труд, а беа и четврт-финалисти во Лигата на шампионите, па ја известија Ракометната федерација на Македонија дека имаат намера да аплицираат за вајлд карта.
Проблем за Металург ќе биде и амбицијата на Еурофарм Работник да игра во Лигата на шампионите. И битолчани најавија дека сакаат да играат во луксузното натпреварување исто со вајлд карта, а беа пред Металург, на втората позиција во домашното првенство и ќе имаат предност.
ЕХФ најави дека при крајот на овој месец ќе ги објави сите учесници во следното издание на Лигата на шампионите.