Лионел Меси заработил 127 милиони долари за ланската година и е најплатен спортист на светот, објави „Форбс“. Тука се сметаат сите приходи – платата во клубовите, реклами, спонзорства и маркетинг.
Зад Аргентинецот е неговиот најголем ривал што игра во истата фудбалска ера, Кристијано Роналдо со 109 милиони долари, а дека во фудбалот има револуција со огромните трансфери, потврдува и третото место на Нејмар.
Бразилецот лани заработил вкупно 105 милиони долари. Фудбалската доминација ја разбиваат боксерската сензација Канело Алварес со 94 милиони евра, а потоа следува тенискиот маг и најтрофеен со 20 титули на Гренд слем турнирите, Роџер Федерер, кој заработил 93,4 милиони долари.
Зад петорката најбогати за 2018 година, е тандемот од НФЛ, Расел Вилсон со 89,5 милиони долари и Ерон Роџерс за 200 илјади долари помалку.