Погба е човек и пол, му подарил дрес на навивач од кој бил расистички навредуван

Францускиот репрезентативец Пол Погба, со свој позитивен пример и насмевка покажа како се справува со расизмот. Погба често е навредуван од противничките фанови поради бојата на кожата, но ѕвездата на Манчестер јунајтед не се радикализира, туку возвраќа со добрина.

На 26 години Погба е еден од најдобрите на светот од својата генерација и дава позитивен пример за останатите жртви на навредите.

„Ме навредуваат и често размислувам како да реагирам. Жално е што вакви работи се случуваат и на фудбалските терени. Не ми се јасни навивачите расисти кои навиваат за тимови во кои има црни играчи. Тие навивачи никого не почитуваат. Разбирам дека сакаат да ги вознемират противничките играчи, но има и други начини. Ги слушам и ги гледам, но не реагирам, туку се смеам. На еден меч против Фиорентина слушнав како извикува мајмунски звуци и на крајот му дадов дрес. Расистот беше среќен и ми аплаудираше“, раскажа Погба, кој можеби ќе се врати во Јуве, па повторно ќе се сретне со навивачот во Фиренца.

За Погба, светот е убав поради својата шареноликост. Тој има пријатели од Кина, менаџерот му е Италијанец, адвокатот Бразилец, жената од Боливија, а самиот Пол е Французин со потекло од Гвинеја (мајка му е од таа земја).

- Оглас -

Најнови вести