Обелоденет е календарот за претстојната 2019/20 сезона во Премиер лигата, а првото коло носи големо дерби. На „Олд Трафорд“ ќе се соочат Манчестер јунајтед и Челзи, дербито е закажано за 11 август, недела, со почеток од 17:30 часот.
Бранителот на титулата, тимот на Манчестер сити, ден порано гостува во Лондон кај Вест хем, додека сезоната ќе биде отворена со дуелот Ливерпул – Норвич на „Енфилд“ во петок на 9 август, во 21 часот.
Дерби-натпревари ќе има и во следните три кола, односно во секое до четвртото коло. Во второто коло најатрактивен ќе биде дуелот меѓу Манчестер сити и Тотенхем на „Етихад“, третото коло носи суперинтересна пресметка меѓу Ливерпул и Арсенал, додека во четвртото коло градското дерби во Северен Лондон ќе биде меѓу Арсенал и Тотенхем.
Исто така, во новата сезона за првпат ќе има зимска пауза во Премиер лигата, која ќе трае околу десетина дена во февруари.