Депортиво Ла Коруња слави, Антонио Бандерас жали

Депортиво Ла Коруња како гостин со 1-0 ја совлада Малага и се најде во финалето на плејофот за влез во елитното шпанско друштво. Првиот меч од овој двобој заврши со 4-2 за тимот од Галиција. На Малага и требаше победа од 2-0, напаѓаше, редеше шанси, погодуваше пречка, но не даде гол. Депортиво во регуларната сезона во Сегунда беше шести, Малага трета, но во плејофот тоа ништо не значеше.

Алекс Бергантинос со гол во 82 минута ги сруши надежите на Малага дека може да се најде во финалето и прилика да се врати во Примера. Еден од најтажните фанови на трибините беше актерот Антонио Бандерас, кој е еден од најпознатите навивачи на Малага.

Во другото полуфинале кое се игра утре, Албасете ја пречекува Мајорка. Тимот од островот го доби првиот меч со 2-0.

 

- Оглас -

Најнови вести