Човекот кој како тренер со Ливерпул неодамна ја освои Лигата на шампионите, Јирген Клоп, деновиве е во САД, поточно во Лас Вегас, каде ќе го прослави својот 52-ри роденден. Клоп беше фотографиран со еден фан на „црвените“ во едно од многубројните казина во Лас Вегас.
После европската титула, прва за Клоп во кариерата и освоените 97 бода во Премиерлигата кои беа доволни само за второ место, Германецот заслужи да одмори и да се забавува во еден од забавните градови на светот.
Но, одморот за Ливерпул е краток. Откако на 1 јуни играа финале на ЛШ, сега се на одмор, но наскоро ќе им почнат подготовките за новата сезона. Премиерлигата стартува на 9 август.
И од Ливерпул му го честитаа роденденот на својот тренер, со зборови на англиски и германски јазик.