Реал Мадрид веќе потроши повеќе од 300 милиони евра за нови засилувања, но повеќе од очигледо е дека тоа нема да биде крај на шопингот на Кралскиот клуб пред почетокот на новата сезона. Пол Погба, ѕвездата на Манчестер јунајтед, најави дека сака да ја смени средината, а тоа е само една најава дека може да се случи долгонајавуваниот бомбастичен трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.
Од Реал Мадрид уште сега најавија дека постојат четири услови, кои ако се исполнат, може да дојде и до реализација на трансферот. Првиот и главен услов е трансферот да не биде поскап од 125 милиони евра, вториот услов е менаџерот Рајола да се откаже од провизијата, третиот услов е Погба да прифати помала плата од таа што ја добива во Манчестер (Французинот се согласил за такво нешто) и четвртиот услов е самиот играч да побара од Манчестер да го стави на трансфер-листата.
Ако бидат исполнети овие четири услови, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, најави дека ќе започне мисијата за доведување на Пол Погба на „Сантијаго Бернабеу“.