Полноќниот експрес кој традиционално го подготвуваме во попладневните часови, а ви нудиме предлози за мечеви кои се во вечерниот термин, вчера беше 100 отсто добитен. Иако веќе се завршени возбудувањата во НБА, НХЛ, но и голем дел од првенствата во Јужна Америка, повторно може да се направи добитен тикет за ноќните возбудувања.
Синоќа имаше само четири фудбалски мечеви кои беа на програмата и тие ги одигравме со добитни комбинации. Ако нешто беше јасно е тоа дека Уругвај треба да покаже моќ против Еквадор на мечот од Копа Америка. Така и се случи. Уште во насловот на Полноќниот експрес најавивме дека Суарес и Кавани треба да дадат голови за Уругвај, а двајцата напаѓачи по еднаш ја затресоа мрежата на Еквадор во убедливата победа од 4:0. Прогнозата за овој меч беше победа на Уругвај најмалку со три гола постигнати во текот на 90 минути на дуелот одигран во Бело Хоризонте.
На Голд купот се играа два меча и двата ги погодивме. Хаити беше голем фаворит против Бермудските Острови, но на теренот не беше баш така. Бермудските Острови на полувреме водеа со 1:0, а Хаити со два гола во вториот дел направи пресврт. Прогнозата за овој дуел беше дека ќе има 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме.
Костарика не дозволи никакво изненадување против Никарагва и победи со 4:0, а нашиот тим беше 1&2-4 гола. Последнот меч на тикетот од четири пара беше средбата од плејофот на првенството на Венецуела меѓу Минерос и Зулија. Домаќините беа големи фаворити, но Зулија покажа дека има цврста одбрана, па средбата заврши 0:0 во регуларните 90 минути за добитен тип 1Х&0-2 гола.
Доколку ги уплатевте овие четири меча според понуденото на Полноќниот експрес, ќе имавте добитен коефициент од 21,72, односно со 100 вложени денари, добивката ќе беше 2.172 денари. Вечерва, околу 19:30 следат нови предлози за Полноќниот експрес.