Пол Погба јасно порача дека му е потребен нов предизвик и дека сака да си замине од Манчестер јунајтед. Првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“ рече дека имал одлични три сезони на „Олд Трафорд“, но дека сега сака промена. Таа промена е заминување на францускиот репрезентативец во Реал Мадрид.
Кралскиот клуб летово создава тим кој ќе биде многу помоќен од тој што го имаше изминатава сезона, па веќе донесе пет нови играчи. Најголемата ѕвезда засега е Еден Азар, кој дојде од Челзи за сума од 100 милиони евра. Сепак, претпоставките се дека Азар нема да биде најзвучното и најскапото засилување ова лето.
За евентуален трансфер на Погба на „Сантијаго Бернабеу“ може да бидат потреби и до 150 милиони евра. Реал е во трка и со времето и доколку направи реализација на овој трансфер, сака тоа да се случи до крајот на месецот. Зошто на шпанскиот гигант му е важно да го купи Погба до 30 јуни?
Подготвителниот период на Манчестер јунајтед започнува на 1 јули, додека Реал ќе стартува со работа за новата сезона на 8 јули. Тоа значи дека доколку Реал го доведе Погба до крајот на овој месец, Погба ќе добие 8 дена плус за одмор, што секако ќе има големо значење за неговата свежина.
Остануваат помалку од две недели за мисијата на Реал да биде завршена како што посакува и Погба да го облече дресот на најтрофејниот клуб во Шпанија.