Францускиот и шпанскиот првак преговараат околу евентуален трансфер на Нејмар од ПСЖ во Барселона, тврдат некои релевантни бразилски медиуми. Нејмар во летото 2017 година од Барса премина во ПСЖ за 222 милиони, но не е среќен во Париз, плус му се натоварија повреди и обвинувања за наводно силување, па би се вратил во Шпанија.
Според шпекулациите, Барса е подготвена на париските Светци да им плати 100 милиони евра и гратис да им даде некого од Усман Дембеле, Самуел Умтити или Иван Ракитиќ.
Од ПСЖ најавија дека во клубот треба да играат само тие што сакаат да играат и даваат максимум и дека ако дојде соодветна понуда за Нејмар, ќе ја разгледаат. Интерес за Нејмар има и од претседателот на Реал Мадрид, но навивачите и тренерот Зинедин Зидан се против.