На турнирот во Квинс, кој е генерална проба пред Вимблдон, на дуелот помеѓу Никола Мау и Френсис Тијафо се случи една несекојдневна ситуација. Французинот Мау во обид да го стигне топчето при 5-5 во вториот сет, се лизна на тревата и во стил на фудбалер, со лизгачки старт го покоси недолжното девојче кое ги собира топчињата.
Ветеранот кој има 37 години и моментно е на 191-вото место на АТП-листат, го совлада 16 години помладиот и 155 места подобро пласираниот Тијафо со 2-0 во сетови. При лизгањето, девојчето се пожали на повреда на прст на раката, а тенисерот имаше среќа што остана неповреден.
Да беше фудбалски меч, Мау за ваков старт ќе добиеше минимум жолт картон:
https://twitter.com/i/status/1140637712019546112