Дортмунд ја продолжи соработката со тренерот Фавр

Борусија Дортмунд ја продолжи соработката со тренерот Луцијан Фавр до јуни 2021 година. Швајцарецот е награден за претходната сезона, која управата на клубот ја смета за успешна, во која малку недостасуваше да ја освојат титулата во Германија. Милионерите веруваат дека Фавр е вистинскиот човек за нивната клупа и ова лето доведоа неколку сериозни засилувања со кои повторно ќе атакуваат за тронот во Бундеслигата.

„Среќен сум што ќе продолжам да придонесувам за овој проект и се надевам на многу поголем успех во блиска иднина“, истакна Фавр.

Под водство на Фавр, Дортмунд претходната сезона заврши на второто место во Бундеслигата со 76 бода, два бода помалку од шампионот Баерн Минхен.

Новите аквизиции на клубот за овој преоден рок се Торган Азар, Нико Шулц и Џулијан Брант, за кои се потрошени 75 милиони евра, додека Милионерите преговараат со Матс Хумелс во обид да го вратат поранешниот капитен на „Сигнал Идуна парк“.

https://twitter.com/BVB/status/1140939721906032640

- Оглас -

Најнови вести