Најбрз нокаут во ММА? Го среди за 4 секунди (Видео)

Спектакуларен нокаут можеше да види публиката во Јужна Кореја на една борба од ММА, а многумина веруваат дека ова е најбрзиот крај на една борба бидејќи траеше само 4 секунди. Вон Џун Чои со контра го удри залетаниот противник Ин Соо Хванг и со првиот контакт го испрати на подот, по што само го докусури и судијата ја прекина борбата.

Хванг беше мотивиран, трчаше околу октагонот пред почетокот на борбата, а кога судијата даде знак, тој се залета кон сонародникот, но налета на неговата тупаница и во втората секунда падна на земја, по што на Чои не му беше тешко да го докрајчи со серија удари.

Погледнете како изгледа кога сте премотивиран пред борба и тоа негативно влијае врз вас:

- Оглас -

Најнови вести