Играчот за врска Хуан Мата се согласи на нов договор со Манчестер јунајтед. Според договорот, Шпанецот ќе остане на „Олд Трафорд“ и во следните три сезони. Мата дојде на „Олд Трафорд“ во јануари 2014 година од Челзи, за тогаш рекорден трансфер од 37,1 милиони фунти.
Досега Мата има одиграно 218 меча и постигнал 45 голови. Ја затресе мрежата и во финалето на ФА купот во 2016 година, во победата над Кристал палас. Тој беше во стартниот тим и во финалето од Лигата на Европа, кога Манчестер се радуваше на трофејот.
Минатата сезона, Мата одигра 32 меча и даде шест гола во сите натпреварувања. Во 2022 година, кога ќе му истече новиот договор, Мата ќе има 34 години.