Бразил минимално со 1:0 ја победи Италија во дербито од третото коло во групата Ц на Светското првенство. Со оваа победа Бразил стигна до шест бодови, колку што има и Италија, но и Австралија. Според актуелната состојба во другите групи, сите три селекции треба да обезбедат место во следната фаза.
Кариоките беа под притисок дека мора да победат против Италија, но Аѕурите долго време одолеваа и беше 0:0 сè до 74-тата минута. Тогаш, по консултација со ВАР системот, беше досуден пенал за Бразил, а одоговорноста ја презеде Марта. Легендарната Бразилка беше прецизна од белата точка и тоа беше доволно за Бразил да стигне до посакуваните три бода.
Во вториот меч од оваа група, Австралија со 4:1 ја победи Јамајка.
Со овој гол против Италија, Марта влезе во историјата на Мундијалите. Таа е првиот играч во женска или машка конкуренција која стигнала до бројката од 17 голови на Светските првенства. До овој меч таа имаше 16 гола, колку што кај мажите на планетарните собири имаше постигнато Мирослав Клозе. Марта сега е осамена на листата на најдобри стрелци.
https://twitter.com/Coral/status/1141080972756226049