Најдобриот македонски одбојкар и капитен на сениорската репрезентација, Никола Ѓоргиев, е нов член на германскиот клуб Фридрихсхафен и во следната сезона ќе го носи нивниот дрес. Тој потпиша едногодишен договор.
По една сезона во Јапонија, коректорот кој следниот месец полни 31 година и е висок е 196 сантиметри се враќа во Европа. За Никола, кој е нашиот најсилен адут за ЕП во септември, ова е седма различна земја во која ќе игра како интернационалец, откако претходно има настапувано и за Раднички Крагуевац (Србија), Форли (Италија), Мили Пјанго (Турција), Париз волеј (Франција), Онико Варшава (Полска), Торај и Осака Блејзерс (Јапонија).
Ова е поздравот кој Ѓоргиев им го упати на навивачите на германскиот клуб и им порача дека одат на тројна круна: