Македонија има зицер за првото место во четвртата група од Д сегментот во Лигата на Нации, со победа вечерва против Лихтенштајн, а и нема потреба од преголем ризик, па квинтетот репрезентативци што имаа проблем со вирус се резерви.
Бобан Николов, Аријан Адеми, Стефан Ристовски, Стефан Спировски и Мите Цикарски се чувствуваат многу подобро, но селекторот Игор Ангеловски нема потреба од преголем ризик против аутсајдерот Лихтенштајн па одлучи да ги остави на клупата за резерви.
Непосредно пред последниот тренинг, вчера Фудбалската федерација на Македонија објави дека петте наши репрезентативци имаат стомачен вирус, па дури и беше поместен тренингот. Сега тие се чувтствуваат многу подобро, а ќе чекаат шанса за евентуален настап од клупата и тоа само ако има потреба.