Хрватските спортски ѕвезди, фудбалерот Марио Манџукиќ и кошаркарот Бојан Богдановиќ за време на летниот одмор се најдоа во Загреб и одиграа еден тениски меч.
Манџо, кој има физички предиспозиции и за други спортови, а има и натпреварувачки дух и менталитет, се покажа како многу подобар со рекетот и со 4-6, 6-1, 6-3 го победи Бојан. Фудбалерот на Јувентус, иако е постар од колегата, на социјалните мрежи се пофали дека го победил играчот на Индијана пејсерс и дека го бива и за други спортови.