Македонскиот тенисер Томислав Јотовски е поразен во второто коло од ИТФ фјучерс турнирот во Табара, Тунис. Во дуел со Кацпер Зук од Полска, Јотовски загуби со 3:6, 3:6 на турнирот со награден фонд од 15.000 долари.
Популарниот Томи, кој неодамна се врати по осуммесечна пауза, претходно успешно ги помина квалификациите на турнирот, а потоа го помина и првото коло, но сепак денеска немаше сили да го победи полскиот ривал, иако двата сета беа тесни.